Притвор за двајца азиланти од Сирија за тешка кражба

Од:

МВР поднесе кривична пријава против две лица од Сирија, З.И. (18) и М.Е.А. (30), со привремен престој во Скопје – Прифатен центар за азил во с.Визбегово, поради основано сомнение дека извршиле едно кривично дело “тешка кражба на дрзок начин“, а од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Како што соопшти МВР, М.Е.А. е предаден на надлежен орган за издржување на мерката, додека З.И. е во бегство и по него се трага.

Горепријавените кривично дело го извршиле на 27 овој месец година околу 20 часот на бул. “ВМРО“ на подрачје на ПС ОН Центар“ при што од оштетената, инаку вработена во Министерството за внатрешни работи, одзеле женска ташна во која имало паричник со лични документи, кредитни картички, пари и две службени картици од кои едната картичка – сертификат за пристап до строго доверливи информации и службена легитимација од МВР на РМ, како и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 10.000 денари.

Пријавените кривичното дело го извршиле на тој начин што и се приближиле на оштетената додека таа била во службено возило марка „Поло“ на паркингот пред зградата на Т-Мобиле, при што второпријавениот М.Е.А. и го отргнувал вниманието на оштетената поставувајќи и разни прашања, а првопријавениот З.И. насилно, со употреба на физичка сила и ја грабнал ташната од рацете на оштетената, која седела на возачкото седиште во возилото по што заедно со второпријавениот се дале во бегство во непознат правец.

Непосредно по извршувањето на кривичното дело од страна на полициски службеници од АЛФА на бул.„ВМРО“ извршено е легитимирање врз второпријавениот М.Е.А. при што е лишен од слобода и приведен во ПС од ОН ,,Центар“, додека првопријавениот се дал во бегство во непознат правец.

Во ПС ОН „Бит Пазар“ извршено е непосредно препознавање каде оштетената го препознала второпријавениот како сторител на кривичното дело – “тешка кражба на дрзок начин“.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба