Притвор за двајца албански државјани кои пренесуваа дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – државјани на Република Албанија поради постоење на основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство Велес, двајцата осомничени, татко и син, по претходен договор и во заедница, на 6-ти октомври неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 44,742 кг. Дрогата, спакувана во 45 пакувања, осомничените ја пренесувале во патнички автомобил марка Опел мерива со регистарски ознаки од Република Албанија. При вршење контрола на возилото од страна на царинските службеници на граничниот премин Богородица биле пронајдени 25 пакувања марихуана сместени во посебно изработен простор – бункер под задните седишта и по 10 пакувања дрога сместени во посебно изработени простори – бункери под возачкото и совозачкото седиште.

– Имајќи ги предвид висината на запретената казна и можноста осомничените да го повторат кривичното дело, како и тоа дека осомничените се странски државјани и немаат живеалиште во Република Северна Македонија, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат законски основи за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Велес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Опсежна полициска операција во Струмичко, се претресуваат „легални“ производители на канабис

Горан Наумовски

„Нова ера“ на затворскиот криминал: Специјализирани банди со дронови доставуваат дрога и оружје

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?