Притвор за дилерот кај кого беа најдени 2,5 килограми марихуана

Од:

Судија во претходна постапка од Основниот суд Гостивар на скопјанец кој вчера беше лишен од слобода му определи мерка притвор во траење од 30 денови. Осомничениот е спроведен во КПУ Затвор “Скопје”.

Скопјанецот С.З. (41) кој времено живеел во Гостивар, е осомничен дека продавал марихуана. Во неговото пребивалиште, полицијата вчера попладне најде поголема количина наркотична дрога.

Од СВР Тетово информирааа дека вчера (18 август) околу 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.З.(41) од Скопје. При претрес на станот во кој времено престојувал, му биле пронајдени и одземени околу два и пол килограми марихуана. Против четириесет и едногодишниот скопјанец е изготвена соодветна пријава за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Осомничениот С.З. претходно веќе имал кривична пријава од СВР Тетово/ОВР Гостивар за дело поврзано со недозволена трговија со дрога според член 215 од КЗ.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски