Притвор за дилер на дрога​

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 69-годишен жител на село Доброште поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека при извршен преглед на обвинетиот и неговото возило на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, на 14.07.2021 година, овластените службени лица пронашле наркотична дрога кокаин во нето маса од 0,31 грам.

– Истиот ден, по претходна наредба од судија на претходна постапка, полициските службеници извршиле претрес на куќата на осомничениот во село Доброште каде биле пронајдени вкупно 30,42 грама наркотична дрога марихуана, една дигитална вага и парични средства во вкупен износ од 52 000 денари и 3485 евра, се наведува во соопштението.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, обвинителството до надлежниот суд достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот беше прифатен од Основниот суд Тетово кој со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај