Притвор за Дамовски и за Јовановски

Од:

Кривичниот суд во Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и им одреди мерка притвор од 30 дена на уште две лица за настаните во македонското Собрание од 27 април. Станува збор Борис Дамовски и за актерот Владо Јовановски, на кои претходно им беше одреден куќен притвор.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинителството и решенијата на судија на претходна постапка ги преиначи на начин што е уважен предлогот на обвинителството за определување мерка притвор и на осомничените Б.Д. и В.Ј. им определи мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението.

За останатите осомничени опфатени со истиот предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за кој судија на претходна постапка им определи мерка притвор, Кривичниот совет ги потврди решенијата.

Би можело да ве интересира

Кирил Божиновски ги плаќал Дурловски, Илиевски и Јовановски за да го потпалуваат народот

Наум Локоски

Дамовски: Го*на сте и во очите на тие што ги предадовте и на тие на кои се продадовте

Наум Локоски

Работнички и Јовановски спогодбено го раскинаа договорот

Дамовски останува во притвор

Ана Ололовска

Судиите ќе одлучуваат за притворот на режисерот Борис Дамовски

Ана Ололовска

Дамовски и Јовановски остануваат во притвор

Наум Локоски