Притвор за Богоевски и адвокатите Пешликовски и Томановиќ

Од:

По 30 дена притвор им одреди истражниот судија на екс- разузнавачот Слободан Богоевски и адвокатите Владо Пешликовски и Васко Томановиќ за перење пари откако полицијата им поднесе кривична пријава и ги приведе утрината.

Според пријавата испрале милион евра- пари кои ги изнудиле од словенечка фирма под изговор дека ќе издејствуваат да се раскине договорот на Република Македонија со една кипарска фирма за градежна парцела кај Воената болница, за потоа словенците да го купат земјиштето, иако договорот претходно веќе бил раскинат.

Испрашувањето на осомничените започна попладнето и траеше до доцна вечерва. Истражниот судија и некои од адвокатите на приведените не сакаат да откријат како се бранеле осомничените, но нагласуваат дека ќе мора да се утврди од кое казниво дело потекнуваат парите, затоа што за делото кое им се става на товар „перење пари“ не е неопходно да има оштетен, но средствата кои се пренесувале од сметка на сметка мора да потекнуваат од кривично дело.

За Даниела Трајковска, една од управничките на вмешаните фирми е повлечена мерката притвор и таа е на слобода.  МВР приведе четворица, а трага по уште две лица, еден македонски и еден словенечки државјанин кои биле управители на фирми, а за кои полицијата тврди дека се вмешани во криминалот.

П.П.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он