Притвор за битолчанец кој и за заканувал на поранешната сопруга дека ќе ја убие

Од:

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот ја загрозил сигурноста на неговата поранешна сопруга, непочитувајќи го решението на Основен суд Битола со кое му била изречена забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство и да контактира со оштетената. На 7 септември, во вечерните часови, додека оштетената се движела со своите малолетни деца, се приближил до неа и ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку одбие повторно да живеат заедно. Потоа ја попречувал да замине од местото каде ја пресретнал, ја турнал и од раката ѝ го оттргнал мобилниот телефон, со што кај оштетената предизвикал чувство на страв и вознемиреност.

Бидејќи во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и фактот што осомничениот се јавува како сторител на исти и истородни кривични дела на семејно насилство каде жртва е неговата поранешна сопруга што го оправдува стравот дека доколку остане на слобода тој ќе го повтори делото, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување притвор за осомничениот. Предлогот на обвинителството беше прифатен, па судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола со решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес