Притвор за 30-годишниот Д.С. од Кочани кој го убил својот татко

Од:

Триесетгодишниот Д.С. од Кочани го извршил убиството врз неговиот 55-годишен татко В.С. во семејната куќа во кочанската населба Усова чешма.

Портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова на денешната прес-конференција рече дека пријавениот кривичното дело го извршил на 30 септември околу пет часот во семјениот дом на ул.„Климент Охридски“ во Кочани, при што со нож му нанел убодни рани во пределот на градите, а кој по кратко време од здобиените повреди починал. Претходно, 30-годишнито Д.С. пријавил дека неговиот татко физички ја нападнал неговата мајка 46-годишната Н.С.

-Одделението за криминалистичка полиција на СВР Штип и надворешната канцеларија за криминалитички работи-Кочани во содејство со Секторот за општ и насилен криминал, единица за крвни и секусални деликти при МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.С. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, рече Панајотова.

Д.С.е приведен во полициска станица, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во трање од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски