Притвор од 8 дена за шест хулигани, од идентификувани 24 од петочните протести

Од:

МВР интензивно продолжува да работи на целосно расчистување и документирање на агресивните и исклучително насилни протести од петокот односно на идентифиување на сите вандали и хулигани коишто ја каменуваа полиција, ги повредија полициските службеници и ја оштетија зградата на Судот, изјави денеска помошник министерот за вантрешни работи, Иво Котевски.

Врз основа на досега превземните мерки идентификувани се 24 учесници во насилните протести од петокот, од кои шест вчера се изведени пред судија на претходна постапка со кривична пријава за основано сомениние дека сториле кривично дело „учество во толпа и спречување на службено лице при вршење на службено дејствие“.

Според повратни информации кои ги имаме, информира Котевски, надлежниот суд на овие шест лица веќе им има изречено мерка притвор во време од осум дена и истите се префралени во истражен затвор.

МВР, нагласти тој, во моментот ги документира доказите за уште две лица кои во натамошна постапка исто така ќе бидат кривично гонети.

Против девет лица пак е поднесена прекршочна пријава и се издадени платни налози за глоби.

Врз основа на полициските видео снимки и снимките прибавени од медиумите, појасни Котевски, идентификувани се уште седум лица, дел од нив се обезбедени, а остантите ќе бидат повикани.

По целосно завршување на постапката, истакна портпаролот на МВР, и за овие лица ќе бидат процесуирани соодветни пријави.

Во врска со вчерашните протести пак, МВР приведе три лица и по завршување на консултациите со Обинителството, ќе биде донесена одлука  дали и каква постапка ќе се превземе.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он