А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор од 30 дена за жител на Дебреште

by А1он18/08/2021 - 11:30219
Share0

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишен жител на селото Дебреште, кој е осомничен за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

На 16 август, во раните утрински часови, според известувањето на ОЈО Прилеп, со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, осомничениот се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на друг и со употреба на огнено оружје одзел златни предмети и парични средства.

– Тој најпрвин насилно ја отворил влезната врата од семејна куќа во Дебреште, влегол внатре и преку внатрешните скали се упатил на вториот кат. Со употреба на сила ја отворил вратата од спалната соба која била заклучена и во која спиела една жена. Од звукот на кршењето на вратата оштетената се разбудила, а осомничениот ѝ вперил пиштол со закана дека ќе ја убие ако не му го даде златото. Веднаш потоа тој започнал да пребарува низ собата и од наткасната одзел три златни прстени и една белезица, а од новчаникот кој стоел на наткасната одзел 1.100 денари и 20 швајцарски франци, велат од ОЈО Прилеп.

– Кога излегувал од куќата осомничениот бил пресретнат од друга оштетена која исто така била присутна и го слушнала дека влегол во куќата, но излегла надвор за да побара помош. Осомничениот и нејзе ѝ се заканил со пиштолот, а потоа избегал, информираат од прилепското обвинителство.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.​​

incidentiobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:0120/01/2026 - 14:05

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:55

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен