А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор од 30 дена за скопјанец осомничен за „тешка кражба“

by А1он20/04/2014 - 13:57105
Share0

СВР-Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство со кривична пријава го предаде лицето Р.Ш.(23) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во куќа за што од страна на судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Следете a1on на Instagram Instagram

Кривичното дело пријавениот го извршил на 31. јануари годинава на подрачје на Полициската станица-Ѓорче Петров во вечерните часови кога од задниот дел од куќата, се качил на оградениот ѕид од дворот, потоа на мини кровот од куќата и со употреба на погоден предмет го скршил стаклото од прозорецот на купатилото и влегол во куќата.

По направеното пребарување и претурање од куќата, соопшти денеска МВР, одзел лап- топ компјутер, куфер во која имало 10.000 евра, разен златен накит од жолто и бело злато, кутии со накит од Сваровски, куферче со слики, машки рачни часовници разни марки, ловна пушка марка „Лион Џ35 Азур, еден ловен карабин марка „ЦЏП970“, еден пиштол марка „Берета„ 9мм и еден пиштол марка „Црвена застава„ кал.7.62 кои оштетениот ги поседувал со дозвола. По извршувањето на кривичното дело Р.Ш. преку прозорот од приземјето го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.845.000 денари.

mvr

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он20/09/2026 - 13:16

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 16:21

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 14:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео