Притвор од 30 дена за скопјанец осомничен за продажна на марихуана

Од:

СВР Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје го предаде скопјанецот М.Д. (30), поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

За стореното кривично дело казниво од страна на судија во претходна постапка му е одреден мерка притвор во траење од 30 дена.

МВР денеска соопшти дека Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, по добиеното сознание дека пријавениот од неговиот дом во скопски Мичурин подолг период продава марихуана, презеде мерки и активности за обезбедување на материјални докази. Притоа полицијата дошла до сознание дека пријавениот во текот на овој месец од засега непознато лице, за 8.000 денари набавил поголема количина марихуана, која ја препакувал за улична продажба и по претходен телефонски договор со уживатели им ја продавал, најчесто од дома или на претходно договорено место.

Единицата за недозволена трговија со наредба од судија на претходна постапка, извршила претрес во домот и други простории на пријавениот при што се пронајдени и одземени 82,7 грама марихуана.

Инаку, М.Д. досега е двапати кривично пријавуван за „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба“, за што од надлежен Суд му се изречени една мерка засилен надзор од родител и една условна казна затвор.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Полицијата спаси четири лица од пловен објект во Охридско Езеро откако им се скрши дел од едрилицата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Франција: Полицијата со водени топови растера активисти кои блокираа складиште со нафта

Полицијата најави пријавa за вчерашниот инцидент на седницата на Советот на Кочани

Горан Наумовски

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов