Притвор и кривични пријави за двајца изнудувачи од Охрид

Од:

Полицијата од Охрид поднесе кривични пријави против две лица од охридското село Лешани, поради сомнение дека се сторители на казнено дело „изнуда“. Од страна на истражен судија одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Според соопштението од Секторот за внатрешни работи од Охрид, на 16. овој месец околу 23 часот пријавените Д.Ј.(25) и Д.М.(33) влегле во кафе бар во Стариот дел од Охрид, каде што се задржале подолго време. Притоа постојано барале да бидат послужувани со алкохолни пијалоци, велејќи му на келнерот дека на крајот ќе ја плателе сметката.

При повторниот обид за наплата, двајцата сега притворени започнале со агресивно однесување и навредување на келнерот. Истовремено со закани од вработениот побарале да го повика сопственикот на објектот, со образложение дека тој имал неплатен долг и дека сметките требало да бидат платени од негова страна.

Пријавените лица биле притворени и во декември минатата година, поради тоа што во неколку наврати го сториле истото кривично дело со што предизвикале страв и несигурност кај вработените и присутните граѓани во угостителскиот објект.

Би можело да ве интересира

Уште се полавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум