Присутни 411 од вкупно 544 делегати на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој што денеска и утре се одржува во Валандово присутни се 411 од вкупно запишаните 544 делегати, заклучи верификационата комисија на Конгресот.

Тоа е доволен број на делегати за одржување на Конгресот според Статутот на партијата.

Во салата во Валандово не се присутни потписниците на писмото со кое што се бараше одложување на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и зголемување на бројот на делегати.

Присутните делегати со извикување „Никола, Никола“ му се заблагодарија на досегашниот лидер на партијата, Никола Груевски за неговата пожртвуваност и се што направил за ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно во текот на денот, Антонио Милошоски и Илија Димовски овој Конгрес го оценија како недемократски и најавија дека нема да учествуваат на истиот. Тие двајца се и дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои испратија отворено писмо до партијата за одложување на Конгресот и зголемување на бројот на делегатите.

К.О.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот