Пристигнаа автобусите за ракометарите брендирани со знакот на “Вардар”

Од:

Со шалови и дресови во знакот на “Вардар”, црвено-жолти реквизити, македонски знамиња, на аеродромот “Скопје” се собираат граѓани и поддржувачи за дочек на ракометните шампиони на “Вардар”. Меѓу присутните има од повеќе градови.

Аеродромското обезбедување ги пренасочува патниците само на еден влез, бидејќи вториот е резервиран за ракометарите. Видливо е зголемено присуство на полицијата и аеродромско обезбедување, а влезот е ограден со железни барикади. Влезот за медиумите на платформата е забранет.

Ракометарите треба да слетаат во 18 часот и 50 минути, по што е предвидено со 2 панорамски автобуси на ЈСП триумфално да пристигнат на плоштадот “Македонија”.

Ракометарите на Вардар од аеродромот „Скопје“ со 3 автобуси на ЈСП Скопје ќе се упатат кон плоштадот каде што е организиран дочек. Вардарци од Градот ќе бидат наградени со 100 илјади евра.

Пред две години Вардар за прв пат стана европски шампион и исто така беше организиран дочек и манифестација на плоштадот каде што илјадници граѓани ги поздравија шампионите.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

Вардар го промовираше Јака Малус

Дербито помеѓу Алкалоид и Вардар заврши без победник

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар