Пристигна четврата по ред група американски средношколци во рамки на Програмата за младинска размена и образование

Од:

Денес на Скопскиот аеродром во 11 часот и 45 минути пристигна новата група (четврта по ред) од 5 американски средношколци кои ќе престојуваат во Македонија 10 месеци во рамки на Програмата за младинска размена и образование (Youth Exchange and Study Program – YES) финансирана од Владата на САД и администрирана од Бирото за образование и културни работи (Bureau of Educational and Cultural Affairs – ECA) на американскиот Стејт Департмент.

Петте ученици, американски државјани, на возраст од 16-18 години, ќе живеат во македонски семејства домаќини и ќе учат во македонски средни училишта (СУГС Јосип Броз Тито и НОВА меѓународни училишта) запознавајќи ја македонската култура во текот на една учебна година.

Во согласност со мисијата на Бирото за образование и културни работи на Стејт Департментот ”да се зголеми меѓусебното разбирање помеѓу луѓето од САД и луѓето од другите земји преку образовна и културна размена кои придонесуваат за развојот на мирољубиви релации” во Македонија оваа програма започна во 2008 година. Првата група македонски средношколци стипендирани преку оваа програма отиде во САД во учебната 2009-2010 година. Од тогаш до денес вкупно 113 ученици од сите краеви на Македонија се дел од оваа успешна меѓукултурна размена.

На 15 август, 2017 година ја испративме најновата група од 10 средношколци од Македонија кои ќе живеат во американски семејства домаќини и ќе учат во средни училишта ширум САД. Возбудата на учениците, родителите, семејствата домаќини и сите вклучени во оваа прекрасна меѓукултурна размена е огромна и со нетрпение очекуваме кога ќе ги споделат своите први искуства.

Во септември 2017 година отпочнува новиот циклус на селекција на ученици од Македонија за учебната 2018-2019 година. Заинтереираните ученици ќе можат да се пријават на 30 септември во Скопје, 3 октомври во Куманово, 4 октомври во Штип и 5 октомври во Струга.

Ги охрабруваме сите заинтересирани ученици од прва и втора година средно училиште да дојдат и да се пријават. Подетални информации ќе можат да се најдат на нашата веб страна http://ac-see.org/new/ и http://ac-see.org/new/yesmacedonia/ . Исто така можете да не пратите на следните фејсбук профили:
https://www.facebook.com/AmericanCouncilsMacedonia/
https://www.facebook.com/YES-Macedonia-544110625766852/
https://www.facebook.com/YESalumnimk/

Би можело да ве интересира

Израел ги повика САД да продолжат со нападите врз Хутите во Јемен

„Чистка“ во Тајната служба: Суспендирани се супервизори и агенти од понизок ранг

Се урна тунел во Лос Анџелес: Спасени се повеќе од 30 работници

Иран не го отстрани збогатениот ураниум од целните локации пред американските напади

САД испорачуваат булдожери во Израел кои беа задржани од администрацијата на Бајден

Горан Наумовски

Аракчи: Израелските напади врз Иран се предавство на дипломатијата, но САД можат да ја оживеат