Пристапна патека ќе ги спојува улиците „Балканска“ и „Братство и Единство“ во Берово

Од:

Во Берово во тек се подготовките за изградба на колско-пешачка патека која ќе ги поврзува улиците „Балканска“ и „Братство и Единство“. Средствата за изградба на оваа улица, како што информира градоначалникот Звонко Пекевски, се обезбедени од Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

– Преку имплементација на националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, доделени се средства за реализација на овој зафат, кој е доста значеан за граѓаните од ромска националност кои живеат во овој дел од градот. Оваа активност се реализира по остварените средби со министерот без ресор Аксел Ахмедовски кој задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија. Преку оваа стратегија во голема мера се влијае на подобрување на инфраструктурните услови во општината, а со тоа и квалитетот на живот на граѓаните од ромска националност како и на сите жители во Општината, рече Пекевски.

Како што информираат од одделението за урбанизам и градежништво, изградбата на колско пешачката патека ќе се реализира по асфалтирањето на улицата „Димитрие Туцовиќ“ чија изградба е во завршна фаза.

Од државниот буџет за реализација на оваа активност се обезбедени 958 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово