Приспособување на уредбите за воздухопловство со регулативите на ЕУ

Од:

На денешната седница на владата се разгледани и усвоени повеќе предлог-уредби предложени од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Уредбите се однесуваат на начинот на давање услуги на воздухопловната навигација, како и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење, потоа на организацијата и користењето на воздушниот простор, како и на правилата и условите за заемна оперативност на системите, нивните составни делови и поврзаните процедури за давање на услуги на воздухопловна навигација со европската АТМ мрежа.

Овие предлог-уредби се донесуваат заради новите регулативи од страна на Европската Унија, и се во согласност со обврските преземени со Мултилатералната спогодба за основање на Европска заедничка воздухопловна област (ЕЗВО).

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски