Припадниците на АРМ кои учествуваа во „Брз Лав-14“ се вратија во Македонија со највисоки оценки

Од:

Припадниците на АРМ кои учествуваа во мисијата „Брз Лав-14“, како дел од четата за заштита на силите од борбената група на Европската унија (ЕУБГ 2014-2) во Кралството Белгија, денеска се вратија во Република Македонија со највисоки оценки.

На вежбата, соопшти Министерството за одбрана, припадниците на АРМ учествуваа во оценувањето на штабот на ЕУБГ 2014-2 со фиктивни сценарија за хуманитарна мисија за поддршка на раселени лица и бегалци, како и за пребарување и затворање на лица осомничени за воени злосторства.

Предизвик на вежбата претставуваше заедничката работа на 6 различни земји (Република Македонија, Кралството Холандија, Луксембург, Кралството Шпанија, СР Германија и лидерот Кралството Белгија) со персонал од околу 2.500 војници во една борбена група. На оваа вежба АРМ уште еднаш ја покажа својата обученост и интероперативност, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски