Припадници на Армијата на САД на обука на „Криволак“

Од:

Од денеска до 20 август на Армискиот полигон „Криволак“ ќе се одржуваат вежбовни активности на припадниците на вооружените сили на САД кои во претстојните денови во присуство на набљудувачи од страна на Армијата на Република Македонија ќе изведуваат повеќе видови на гаѓања.

Од Министерството за одбрана соопштија дека во првите пет дена, припадници на вооружените сили на САД со два хеликоптери од типот „Блек Хок“ кои пристигнале денеска ќе изведуваат обука и гаѓање со воздухопловни оружја и истите ќе заминат по извршените гаѓања.

Во останатиот период, припадниците на вооружените сили на САД ќе реализираат гаѓања со користење на пешадиско оружје од мал калибар, против-тенковско оружје и друго пешадиско оружје, како и квалификација за автоматската пушка М240Н, која се користи во повеќето армии на земјите – членки на НАТО.

Неодамна, АП Криволак беше сертифициран од страна на 7.Команда за обука на копнените сили на САД, за можноста за користење на полигонот и од страна на воздухопловни единици на ВС на САД.

Армијата на Република Македонија покрај овозможување на непречено користење на полигоните и стрелиштата на АП „Криволак“, за време на активностите има свои старешини во улога на набљудувачи, а ја овозможи и потребната воено полициска придружба за време на транспорт на припадниците на вооружените сили на САД, и доколку е потребно обезбедува соодветна медицинска и логистичка поддршка на активностите, посочуваат од Министерството за одбрана.

Со изведување на овој вид на активности, како што се наведува, се потврдуваат и промовираат можностите кои ги дава овој наш најголем капацитет за изведување вежбовни активности од страна на вооружени сили на странски држави.

Во процесот на планирање вежби веќе следната година се планира АРМ да биде домаќин на голема воени вежба – „Одлучен удар” во која ќе бидат вклучени повеќе од 1.000 војници од копнените сили на САД за Европа и од АРМ, стои во соопштението од МО.

Би можело да ве интересира

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Синот на Болсонаро побегна во САД по изборниот пораз, Трамп му одобри виза

Горан Наумовски

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он