Примопредавање на функцијата вицепремиер за европски прашања

Од:

Во Секретаријатот за европски прашања денеска беше извршено примопредавање на должноста заменик претседател на Владата за европски прашања каде новоназначениот вицепремиер Бујар Османи официјално ја презема должноста од неговиот претходник Арбер Адеми.

Адеми, информираат од СЕП, на примопредавањето го информираше Османи за делокругот на работа како и за проектите и активностите на Секретаријатот, и истовремено му посака успех во продолжувањето на патот кон европските интеграции на земјата.

Османи ја истакна важноста на реализирањето на стратешките цели во оваа област и особено постигнувањето на понатамошни успеси за зближување на земјата кон европското семејство.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија