Примопредавање на должноста командант на Здружената Оперативна Команда

Од:

Со воена свеченост денеска во касарната „Боро Менков“ во Куманово, ќе се изврши примопредавање на должноста командант на Здружената Оперативна Команда (ЗОК).

Како што соопштија од АРМ, досегашниот командант генерал мајор Зоран Милески кој раководи со оваа команда од декември 2016 година, ќе му го предаде командувањето на бригаден генерал Павле Арсоски кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на ЗОК.

На свеченоста ќе присуствуваат заменик началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Азим Нуредин, генерали од АРМ, команданти на единици од АРМ, високи гости од МО и ГШ на АРМ, претставници од локалните самоуправи и организации со кои соработува оваа единица.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски