Прилепчани трет ден на помош во Стајковци

Од:

Доброволци, вработени во основните и средните училишта, младинци, пензионери, екипи од ЈКП „Комуналец„ и „Водовод и Канализација“, Македонски шуми – Црн Бор, ВП Прилепско поле, противпожарната единица, екипа од брзата медицинска помош, рано утрово заминаа во нова акција за расчистување на поплавените куќи во Стајковци.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески задоволен од одѕивот на прилепските доброволци кои веќе трет ден помагаат при расчистување на поплавените куќи во скопските населби, повика на уште поголема масовност за пријавување на доброволци, но и за донирање на храна, облека и средства за хигиена. Пунктови за донирање има во сите урбани заедници, како и на пунктот на плоштадот “М.А.Ченто“ од ОО на Црвениот крст.

За доброволно пријавување локалната самоуправа го отвора телефонскиот број 048/401-701, за сите граѓани кои сакаат да се пријават за помош при расчистување на поплавените куќи во скопско, при што сите доброволци треба да остават име, презиме и телефонски број за контакт!

Граѓаните можат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400.

Би можело да ве интересира

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија