Прилепчанец ја силувал сопругата на својот брат

Од:

С.С. (30) од Прилепско, вчера вечер, по полноќ, насилно ја одвел со возило невенчаната сопруга  Л.К. (52) на својот брат Ш.С. (50), ја силувал, ја оставил и побегнал.

Како што соопшти МВР, немелиот настан се случил околу 00:30 часот, кога С.С. најпрво одзел возило „Голф 4“ на негов соселанец и отишол во плевната каде Ш.С. и Л. К. чувале стока. Кога Ш.С. излегол, С.С. го искористил моментот, ја удрил Л.К. и насилно ја внел во возилото по што заминале по стариот пат од Прилеп кон Велес. Во текот на патувањето постојано ја удирал. Во еден момент возилото се расипало и застанале. С.С. излегол од возилото, повторно неколку пати ја удрил Л.К. во пределот на главата и ја силувал на предното седиште од возилото. Потоа, заедно отишле во објектот на една фирма каде од чуварот побарал мобилен телефон за да му се јави на братот.

Откако разговарал со Ш.С., С.С. заминал во непознат правец, а Л.К. останала во објектот. Таа му кажала за настанот на својот сопруг, по што тој телефонски го пријавил во Полициската станица Прилеп.

Увидот е извршен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на С.С. и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он