Прилеп по 15-ти пат им оддаде почит на хероите од Карпалак

Од:

И, после 15 години прилепчани емотивно го доживуваат 8-ми Август, денот кога животот го загубија десетте млади резервисти од Прилеп. Во нивна чест денеска беше одржана панихида во црквата Св. Петка во населба Точила на која присуствуваше и Градоначалникот Ристески, претседателот на Советот на Општина Прилеп, Димески како и семејствата на загинатите прилепски бранители и нивните соборци. Воедно делегации од здруженијата на бранителите ја посетија и месноста Карпалак каде на 08. Август 2001 година се случи подмолниот масакр.

Централната манифестација се одвиваше пред спомен-обележјето „Карпалак“ каде свежо цвеќе положија делегации од општина Прилеп предводена од градоначалникот Марјан Ристески, од Владата на Р. Македонија, делегација Министерството за одбрана,предводена од Министерот Зоран Јолевски и Генералштабот на АРМ, делегации од здруженија на борци од Прилеп и Македонија и семејствата на загинатите бранители. Градоначалникот Ристески ,најпрвин изрази сочувство и со едно минутно молчење и им одаде почит на загинатите во поплавените подрачја ,што ја зафатија скопскиот и тетовскиот регион ,а потоа истакна дека тагата за загинатите прилепски бранители, заедно ја делиме сите, иако таа најдлабоко ја чувствуваат семејствата. „Најмалку што може да направиме е да го негуваме и да го почитуваме нивното херојско дело. “рече тој

Во оваа пригода, претставниците од здружението „Карплак’ му подарија плакета на благодарност на градоначалникот Марјан Ристески
Инаку,пред неколку години во чест на херојството што е синоним за ова поднебје, беше откриен и споменикот „Прилепски бранители“ кој се извишува среде кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ и преставува едно модерно стилизирано решение и своевиден симбол за вечноста на прилепските херои.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он