Пријави за жртви во Тетово, полицијата нема пристап за да потврди

Од:

Според неофицијални и се уште непроверени информации невремето во тетовскиот регион предизвика жртви и голема материјална штета. Од СВР-Тетово информираат дека во Голема Речица во куќен двор надојдената вода, наводно, исфрлила безживотно тело на малолетно дете. Од таму посочуваат дека информациите се непотврдени затоа што пристапот до кризните места е непристапен.

Патот кон селото Шиповица е оштетен и сообраќајот е целосно блокиран. На оваа релација настанало и свлечиште, а неофицијално загубени се и човечки животи. Од СВР-Тетово повторно посочуваат дека податоците се непотврдени затоа што пристапот до местата е невозможен.

Невремето урна и еден мост во близина на селото Нераште.

Информациите што ги поседува СВР-Тетово се претежно пријави од граѓани и додаваат дека допрва ќе ги проверуваат. Велат дека целата расположлива механизација е на терен и ги расчистува патиштата од кал и камења за да се овозможи пристап.

За време на невремето немало електрична енергија на повеќе места во регионот Жеровјане. Констатирани се голем број на оштетени покриви и возила.

Во меѓу време прекинат е патот за Доброште и Порој, целосно е прекинат патот кон Јажинце. Прекинат е и сообраќајот Тетово-Попова Шапка и нема информација дали е повторно воспоставен.

Долга километарска колона веќе се создаде и на патниот правец Стража-Тетово.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски