Пријавени физички напади на двајца малолетници во Скопје

Од:

Двајца малолетници вчера биле физички нападнати на територијата на општините Карпош и Чаир, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Во СВР Скопје, вчера во 14.30 часот, 54-годишната С.Б. од Велес пријавила дека претходниот ден, околу 18 часот, во интернат на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четири лица. Нешто подоцна, во 15.50 часот во СВР Скопје, Б.Е. пријавил дека околу 12 часот во круг на училиште на подрачје на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, стои во Билтенот на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров