Прифатилиште за улични животни во општина Аеродром

Од:

Прифатилиште за улични животни во рамките на општина Аеродром, едукативни и информативни кампањи, субвенции за удомување миленик и мрежа на старатели на бездомните животни се само дел од предложените мерки на вчерашната средба со граѓанските здруженија и активисти за заштита на правата на животните.

Покрај градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, на средбата присуствуваа и Ана Марија Бранѓолица од ЈП „Комунална хигиена“, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, претставници на локалната полициска станица и на стационарот „Вардариште“, како и претставници на граѓански здруженија и активисти за заштита на правата на животните.

На средбата се разви конструктивна дискусија за сите аспекти од третманот на уличните животни, од која излегоа конкретни предлози за згрижување и заштита на уличните животни. По внимателно разгледување на сите мерки, Општина Аеродром ќе состави и план за реализација со одбраните активности.

Општина Аеродром ќе ја интензивира соработката со граѓанскиот сектор и соодветните надлежни институции за да може да се дејствува координирано и ефикасно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени