Прифатени најголемиот дел од забелешките на граѓаните: Општина Аеродром изготвува втора верзија на ДУП за дел од населбата Лисиче

Од:

Во Општина Аеродром веќе тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Комисијата за урбанизам во општината ги разгледа и прифати најголем дел од забелешките кои граѓаните ги доставија во рамки на јавната анкета.

„По завршување на оваа фаза, планерската фирма веќе изработува, а Општина Аеродром наскоро ќе ја објави новата ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план, кој како и досега во рамките на отворена и транспарентна постапка ќе биде изложен на јавна анкета и истиот ќе биде презентиран пред граѓаните и медиумите.

Интересот на граѓаните е приоритет во носењето на сите одлуки во Општина Аеродром, вклучително и оние од областа на урбанизмот. Одлуките кои ги носи Општина Аеродром имаат единствена цел, решавање на клучните проблеми и подигнување на квалитетот на живеење во општината. Финалната верзија на Деталниот урбанистички план за овој дел од општината ќе биде направен, во согласност со потребите и барањата на граѓаните“, велат од оваа скопска локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он