Прифатен пункт за мигранти во Гевгелија

Од:

Општина Гевгелија ќе обезбеди локација за организирање на специјален пункт за еднодневен престој на мигрантите до нивно заминување со јавен превоз кон Табановце, беше договорено на денешната средба на гевгелискиот градоначалник Иван Франгов со претставниците на УНХЦР и на Меѓународниот Црвен крст во врска со прифаќањето и пропуштањето на мигрантите кои секојдневно пристигнуваат преку македонско-грчката граница.

Претставниците на УНХЦР побараа пунктот за еднодневен престој да биде лоциран на просторот околу автобуската и железничката станица во Гевгелија со цел да се спречи талкање на бегалците по другите делови од градот. Пунктот ќе биде опремен со тоалети, вода, маси и клупи и со заштита од сонце.

Општина Гевгелија ја подржа иницијативата, а градоначалникот Франгов укажа на потребата од ваков пункт и во меѓуграничниот простор на Македонија и Грција каде што престојуваат многу бегалци без никакви услови. Покрај понудената помош на бегалците, општина Гевгелија воведе и задолжителна дезинфекција на превозните средства со кои мигрантите се транспортираат до Табановце.

Во меѓувреме, посебни тимови на УНХЦР и Црвениот крст, во чиј состав се наоѓаат и медицински екипи,на бегалците им нудат здравствени услуги и вакцинирање.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно