Прифатен Акцискиот план за Проектот „Зајакнување на дневните болници“

Од:

Владата на денешната 71. седница го разгледа и прифати Акцискиот план за Проектот „Зајакнување на дневните болници“, и го задолжи Министерството за здравство на секои шест месеци до Владата да доставува информација за прогрес на активности од Акцискиот план, се до конечна реализација на Проектот.

Како што соопштија од владината прес-служба, Проектот „Зајакнување на дневните болници“ се однесува на концепт на воведување „one day surgery“ (еднодневна терапија од областа) и други „out patient“ процедури без ноќевање и болнички престој на пациентите во случаи кога нема потреба од опсервација на состојбата на пацинетот.

– Во оваа насока ќе бидат изготвени упатства и ќе бидат адаптирани соодветни просторни услови во рамките на општите и клиничките болници каде постојат услови врз основа на направена проценка, се наведува во соопштението.

На денешната седница, Владата го именуваше поранешниот заменик-министер за здравство Гоце Чакаровски, за Национален координатор за здравство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните