При контрола странски државјанки танчерки затекнати во тетовскиот објект „Бабилон“

Од:

На 18.03.2015 година околу 01.00 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителскиот објект „Бабилон“ во Тетово при што биле затекнати шест странски и една македонска државјанка, кои работеле како танчерки.

Пет од странските државјанки се од Република Бугарија и една од Република Србија, на возраст од 23 до 31 година, соопшти денеска МВР. Седумте девојки и сопственикот на објектот Б.М.(34) од Тетово, приведени се и задржани во ПС Тетово, а потоа предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Странските државјанки биле уредно пријавени, односно со регулиран престој, но на подрачјето престојувале спротивно на целта, односно нелегално работеле и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија за прекршоци на Основниот суд Тетово.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он