Презентиран урбанистички план со градежни парцели во Богородица

Од:

Општина Гевгелија денеска го презентираше архитектонско-урбанистичкиот план со парцели наменети за изградба на објекти за домување во станбени куќи во пограничното село Богородица.

Урбанистичкиот проект е поставен во одделението за урбанизам на општина Гевгелија каде што ќе остане изложен на увид на јавноста во времето од 8 до 16 часот до 26 март до кога се спроведува и јавната анкета.

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот, на анкетни листови можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.Анкетните листови се добиваат и доставуваат во одделението за урбанизам на општина Гевгелија или преку информативниот систем е-урбанизам.

Би можело да ве интересира

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски