Презентиран план за решавање на проблемот со загадувањето во Куманово

Од:

Пред советниците од Општина Куманово денеска е презентиран планот за надминување на загадувањето на амбиенталниот воздух во општината од страна на Работната група формирана на барање на локалниот кризен штаб.

Најголеми загадувачи на воздухот во Куманово, според информациите од Работната група, се сообраќајот од возилата и греењето со огревни дрва и јаглен. Бројот на возилата во Куманово за четири години е зголемен за нешто повеќе од 42 проценти од скоро 19.000 на приближно 27.000.

Претседателот на Работната група Бобан Бојковски, посочи дека планот е првичен и дека ова е прва јавна расправа. Додаде дека очекува поединци, преставници на невладини организации, експерти да предложат свои идеи за намалување на загадувањето на Куманово и дека детално ќе се разгледаат и ќе се инкорпорираат.

Меѓу мерките кои се предложени, посочи Бојковски е при изработка на планска документација да се предвиди процентот на озеленување, службите да изработат процедури за издавање одобренија за сечење на дрвја и задолжително обновување на дрвајата. Во прв рок, додаде треба да се изврши проценка на површини кои ќе бидат озеленети. Меѓу мерките е и предлогот за воведување пешачки зони во градот.

Планот предвидува и подготовка на катастар на загадувачи. Формирање оџачарска служба, редовно миење на улиците, препораки до комуналните инспектори да вршат засилени контроли, но и да се измери проток на автомобили кои поминуваат на најфрекфентните улици во градот. Советот на општината да донесе одлука за бесплатен автобуски превоз, кога се надминува прагот на алармирање. Меѓу предвидените мерки е и ревизија на еднонасочниот сообраќај, утврдување критични точки и можност за воведување прешачки зони, субвенционирање на домаќинставата за греење на пелети и гас, за набавка на сончеви колектори, ПВЦ, прозорци, намалување на комунални такси за инвеститори кои користат мерки за енергетска ефикансост, субвенција за набавка на велосипеди.

Работната група предлага и неколкукратни мерења и распишување тендер за избор на акредитирана фирма за мерење на загадувањето, но и репресивни мерки од страна на овластените инспектори за животна средина, СВР Куманово, комуналното претпријатие за несовесните граѓани кои палат гуми.

Ќе се изврши и анкета меѓу граѓаните, преку невладините организации за размислувањата на граѓаните на оваа тема, почести предавања во училиштата за влијанието на загадувањето и здравјето на луѓето, наградни конкурси за најуредена зелена површина пред станбена единица или двор.

– Сметаме дека овие мерки се реални и остварливи, но не постои само една која може да го реши, туку сет мерки кои во наредните години треба да дадат резултати. Сите се добредојдени да дадат свој предлози и идеи со кои ќе реши овој проблем, изјави Бојковски.

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски потенцираше дека бројот на возилата во Куманово е приближно 40.000, бидејќи градот е административен центар за општините од североистокот. Тој потенцираше дека станува збор за системски проблем кој треба да се надмине не само со мерки од општината, туку и предлог закони од централната власт. Советникот од ВМРО- ДПМНЕ, Мирослав Стојановски смета дека мерките се добри, но дека во најмала рака се задоцнети и нагласи дека е поефикасно спроведување на гасификацијата.

Во работната група членуваат преставници од секторот за урбанизам, за инспекциски надзор, јавното комунално претпријатие, Центарот за јавно здравје и преставници од невладини организации.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра