Презентиран мониторинг извештајот „Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа“

Од:

Кога станува збор за судството не може да се очекува реформите да бидат направени за многу кратко време. Заробената држава толку години била во една таква состојба да сега и да се сака одма нешто да се направи е невозможно. Можам да кажам дека има голема волја и ентузијазам за работа од сите страни и оти реформите ќе бидат направени во еден малку подолг процес особено во делот на она што значи Судскиот совет, неговите одговорности и надлежности и се она што би водело кон овозможување на независност и непристрасност во судството.

Ова го изјави Маргарита Цаца Николовска, претседател на Институтот за човекови права и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права на денешната презентација на првиот мониторинг извештај „Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа“ .

Во однос на Извештајот на Прибе и детектираните слабости во судството, според Цаца Нинколовска, најголем проблем има во Судскиот совет и во дел од судиите коишто постапувале по предмети.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството