Презентиран изменетиот ДУП за дел од индустриската зона во Гевгелија

Од:

Општина Гевгелија денеска јавно ја презентираше измената на деталниот урбанистички план за дел од индустриската зона кој зафаќа површина од 35.698 метри квадратни во просторот меѓу неколкуте новопланирани улици во тој дел од градот.

Од Одделението за урбанизам, каде што е изложен документот, истакнаа дека просторот на опфат е наменет за изградба на сервиси, објекти за дистрибуција и производство од областа на лесната и незагадувачка индустрија, како и за изградба на стоваришта во планскиот период до 2021 година.

Од денеска до 8 март ќе се спроведе и јавната анкета за овој урбанистички документ. Во овој период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени предлози, мислења и забелешки преку анкетни листови кои се подигаат и доставуваат во Одделението за урбанизам на општина Гевгелија, каде што е изложен и изменетиот плански документ.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on