Презентиран Годишниот извештај на народниот правобранител за 2016

Од:

Од вкупно 4.718 претставки по кои постапувал народниот правобранител минатата година постапката е завршена по 3.756 случаи, додека по 962 претставки е во тек, информира народниот правобранител Иџет Мемети на денешната прес-конференција презентирајќи го Годишниот извештај за состојбите на човековите слободи и права за 2016 година.

– Констатиравме 1.523 повреди на човековите слободи и права, а од нив во 1.358 случаи беа прифатени интервенциите. Ова, за жал не е случај со препораките за констатираните слабости за општите состојби за кои изготвивме голем број на посебни извештаи, а по кои надлежните не постапуваат, рече Мемети.

Најголем број од претставките биле од областа на финансиите и финансиското работење, потоа од правосудството, потрошувачките права, од социјалната заштита, од казнено-поправните и воспитно-поправните установи, од имотно-правната област, урбанизам и градба, од работните односи, како и од пензиското и инвалидското осигурување.

Според Мемети, изминатата година немало подобрување на човековите права и слободи во земјата, туку напротив, констатирана е стагнација, а во некои области и назадување. Тоа, како што додаде, се потврдува и со зголемениот број констатирани повреди на човековите слободи и права за четири проценти.

Загрижува фактот, како што нагласи народниот правобрнител, бидејќи во последниот период има се поголемата употреба на говорот на омраза во медиумите, на социјалните мрежи, од високи јавни функционери и раководители на институции.

– Во последно време особено тој говор го користат јавни личности, носители на високи функции и тој говор не се санкционира. Ваквите изјави штетат на демократијата која не подразбира навреди и непочитување на различното мислење, напротив секој може да не се согласува со кажаното на другиот, но доблест е токму тоа да го почитува, истакна Мемети.

Народниот правобранител изрази загриженост и од кршењето на детските права посебно во неколку училишта во Прилеп, каде што директорите противзаконски ги повикувале учениците на протести.

Посочи дека во земјава има нефункционални институции и оти во извештајниот период има зголемување на поплаките за нееднаков третман и дискриминација за околу 20 отсто, при што најбројни се оние кои се однесуваат на дискриминација во работен однос во јавната администрација која има политички елементи.

Тој наведе дека и лани не се намалила полициска бруталност, прекумерна употреба на сила на затворската полиција спрема осудените лица и отсуство на здравствена заштита во затворите.

Народниот правобранител истакна дека во 2016 година констатирани се повреди на правата на вработување на лица со попреченост, незаконско депонирање на бегалците, противзаконско утврдување и наплата на радиодифузна такса и вода, како и непрофесионалност во работата на изборните органи.

– И понатаму имаме проблематичен избирачки список, на голем број затвореници, лица сместени во старечки домови и друго им беше ускратено да гласаат, лица кои никогаш не ја напуштиуле земјата и имаат валидни документи се пронаоѓаа на список за иселеници. Државната изборна комисија не се одважи да го спроведе законот и да ги избрише фиктивните гласачи, па вината ја префрлаше со Министерството за внатрешни работи, истакна Мемети.

Тој на прес-конференцијата се пожали и дека и натаму има институции кои не ја разбираат улогата на Народниот правобранител, па и покрај законската обврска не соработуваат со него.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он