Презентација на вториот извештај од следењето на Планот 3-6-9

Од:

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) денеска ќе го презентира извештајот „Трка на 3,6 и 9 со пречки-Кон чиста препорака? со наодите од набљудувањето на спроведувањето на вторите три месеци од Планот.

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС се проценува реализираноста на активностите наведени во планот.

– Наодите на извештајот укажуваат подобрување во формулацијата на активностите, како и приоретизацијата и структурирањето на областите и активностите во вторите три месеци од планот. Сепак, останува забелешката дека, и покрај горенаведените подобрувања, планот, во овој дел, сѐ уште содржи активности кои не претставуваат реформски зафати односно претставуваат ресорни надлежности на институциите. Она што исто така се забележува е отсуство на континуитет во одредени области и активности кои произлегуваат од првите три месеци на планот, наведуваат од Институтот.

Наодите од извештајот, се додава, сугериират дека Владата и Секретаријатот за европски прашања треба да се фокусираат на навремено информирање на јавноста за статусот на реализација на преостанатите активности во планот и суштинско вклучување на засегнатите страни во процесот на креирање и спроведување на реформите.

Следењето на реформите е дел од проектот „Перформ он Реформ” кој го спроведува ИДСЦС во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски