Презентација на програма за развивање јавно-приватна соработка на компаниите од Гази Баба

Од:

Општина Гази Баба, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) и германската организација за меѓународна соработка-ГИЗ преку Отворен регионален фонд за модернизација на општински услуги денеска одржаа тркалезна маса за интеракција на јавен и приватен сектор преку развојни партнерства во општини и градови по мерка на стопанствениците во Југоисточна Европа (BFC SEE).

На трибината, која се одржа во општина Гази Баба, присуствуваше и градоначалникот Борис Георгиевски.

– На компаниите им беше претставена можноста за соработка преку заеднички проекти со јавниот сектор, од една страна за остварување комерцијални цели на претпријатијата и од друга страна, креирање подобар деловен амбиент во општината. Иницијативата за развивање јавно-приватна соработка неодамна е покренета од Регионалната мрежа за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (БФЦ ЈИЕ мрежа) со поддршка на ГИЗ, информира општина Гази Баба.

Остварувањето на иницијативата, како што се наведува, се однесува на користење на програмата од ЕУ земјите кои поддржуваат развојна соработка меѓу јавниот сектор и приватен партнер, компанија која сака да инвестира или пак да го унапреди своето деловно работење.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга