Машките обредни поворки за русалиите, презентирани преку слика, збор и оро, вечер ќе бидат претставени пред гевгелиската публика во рамки на проектот „Русалија ќе одум“ на Никола Арнаудов и Антонио Стојчевски од музичко балетскиот училишен центар „Илија Николовски-Луј“ од Скопје.
Во рамки на проектот, најпрво ќе биде прикажан филм за русалиите, потоа ќе бидат презентирани нивните различни обреди, ќе има објаснување за машката и женската народна носија во етничкиот предел Бојмија и на крај ќе бидат изведени повеќе русалиски ора заедно со жените.
Овој интересен концерт посветен на русалиите ќе се одржи во салата на Народниот театар во Гевгелија со почеток во 20 часот.