Презентација на опрема од воената вежба „Dragoon Guardian 17“

Од:

Граѓаните на Струга и Струмица денеска ќе имаат можност да проследат презентација на возила и опрема на Армијата на Република Македонија и на Армијата на САД во Европа, која е дел од заедничката воена вежба „Dragoon Guardian 17“.

На презентацијата во Струга ќе присуствуваат заменик-министерот за одбрана Беким Максути и командантот на полкот за специјални операции бригаден генерал Орце Јордев, а во Струмица заменикот на командантот на здружената оперативна команда, бригаден генерал Павле Арсоски.

Покрај презентацијата на дел од воените возила и опрема на Армијата на САД во Европа и АРМ, граѓаните ќе имаат можност да проследат фитнес сесија, натпревар за најмладите – патека со пречки, а во Струга ќе биде одржан и пријателски фудбалски натпревар меѓу екипи на Армијата на САД, АРМ и екипа од градот.

Присутните ќе имаат можност преку директна комуникација со припадниците на АРМ и армијата на САД поблиску да се запознаат со опремата и возилата и да се фотографираат.

Заедничката вежба на Армијата на Република Македонија и на Армијата на САД во Европа „Dragoon Guardian 17“, која се одржува до 10 август има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на АРМ, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација