Презентација на извештајот за соработката меѓу Академијата за судии и француската ЕНМ

Од:

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние денеска ќе го презентира Извештајот за еднодецениското искуство од соработката меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и француската Национална академија за правосудство (ЕНМ) во сферата на реформите во правосудството.

– Академијата за судии и јавни обвинители и француската Национална академија за правосудство (ЕНМ) соработуваат веќе 10 години. Оваа соработка се остварува преку збогатување и подобрување на судските практики, низ размена на искуства на судии од Франција и од Македонија. Европската интеграција на Македонија е условена со зајакнување на правната држава, што подразбира воспоставување на систем на обука и избор на судии кои ги исполнуваат објективните и унифицираните критериуми, велат од Француската амбасада во Македонија.

Со ова еднодецениско искуство, како што посочуваат, двата партнера сакаа да направат анализа на досегашната, како и да ги утврдат насоките за идна соработка која ќе придонесе за збогатено размислување во рамки на реформската агенда донесена од новата Влада. Во контекст на тоа додаваат дека тоа беше и целта на мисијата која ја спроведе ЕНМ во Скопје во јуни оваа година.

На презентацијата на извештајот во резиденцијата на Франција во Скопје најавено е присуство на министерот за правда Билен Саљији и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски