Презентација на извештај за состојбата со детските права

Од:

Коалицијата на младински оранизации СЕГА ќе го промовира Извештајот од мониторинг на спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во Македонија за 2013 година.

Мониторингот е спроведен од март до јуни 2014 година,а целта е да се утврди состојбата со детските прва во Македонија на локално и национално ниво.

Податоци беа прибирани на локално ниво во 14 градови во Македонија, односно во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Ресен, Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип, Виница, Гевгелија и Охрид, 17рурални места  и на национално ниво вклучувајќи национални институции.

Овој извештај дава приказ за состојбата со регулирањето и почитувањето на правото на учество на децата во донесувањето одлуки, спроведувањето на правото на здружување, правото на образование и еднаков пристап, како на национално ниво така и на локално ниво, по однос на Препораките на Комитетот за Правата на Детето При Обединетите Нации донесени во 2010 година.

Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа на младински организации која работи на развивање и примена на младински политики во Република Македонија, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.

Би можело да ве интересира

Зеленски е критикуван поради страдањето на деца во Донбас

Израелците гранатираа училиште во Газа, загина деца

Фон дер Лајен: Секое украинско дете мора да биде вратено

Горан Наумовски

ОН: Од 136.000 деца во Газа на возраст меѓу шест месеци и пет години, 12.000 се неухранети

18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија