Превоз на ученици во Радовиш училиштата ќе организираат уште годинава, потоа општината

Од:

И во следната учебна година училиштата во општина Радовиш сами ќе го спроведат тендерот за превоз на учениците, а Општината од учебната 2019/2020 година ќе го организира превозот.

Тоа е договорено на заедничката средба на градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов и директорите на училиштата.

На средбата се разгледувале проблемите со кои се соочуваат во организирањето на превозот на учениците и при тоа е констатирано дека не е доволен бројот на наставници, кои имаат лиценци за вршење јавни набавки.

За надминување на овој проблем, со кој се соочуваат училиштата, но и општината, градоначалникот Конзулов нагласи дека се упатени уште двајца вработени од општината на обука за добивање лиценци за јавни набавки, а им сугерираше и училиштата да упатат и свои вработени на обуки.

– За јавна набавка од над 130 илјади евра постапката е 45 дена плус деновите за подготовка на тендерската документација, така што и при најповолни услови без жалби, тендерот би се реализирал дури во октовмри, истакна градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Затоа е заклучено уште оваа учебна година училиштата сами да го спроведат тендерот за превоз на учениците, а идната година општината ќе ја преземе и оваа јавна набавка за нормално одвивање на образовниот процес.

Би можело да ве интересира

Двајца малолетници запалија автобус паркиран пред училиште во Радовиш

48-годишен возач со автомобил удри во маж кој бил во инвалидска количка

Во сообраќајка тешко повредено е момче, со возило излетало од патот

Полицијата уапсиле четворица крадци од Радовиш

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш