Превојот Плетвар прооден за сите возила

Од:

Сите патни правци кон Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево се исчистени од снегот и проодни, информираа утрово од Подружницата на „Македонија пат“ од Прилеп.

Според раководителот на Подружницата Гоце Стефаноски, и превојот Плетвар е прооден за сите видови возила.

– Екипите ги исчистија сите патни правци и превојот Плетвар. Ноќеска на Превој се исчистени и навеви од снег од еден метар кои ги создаваше ветрот. На Плетвар снежната покривка е 50, а во Прилеп изнесува околу 30-ина сантиметри. За чистење на патните правци ноќеска се фрлени 120 метри кубни абразивен материјал и имаме доволно за одржување на патиштата, изјави Стефаноски.

Откако механизацијата на „Македонија пат“ ќе го дорасчисти и патниот правец за Македонски Брод, ќе се расчистува и патот за Мариово.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози