А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Претставници од МЛС во работна посета на Центарот за развој на Југозападниот плански регион

by А1он30/09/2014 - 16:59154
Share0

Министерството за локална самоуправа (МЛС) ги прави сите напори да обезбеди нормално функционирање на Центрите за развој во осумтте плански региони, бидејќи се идентификувани како значајни субјекти, кои можат да придонесат за регионалниот развој во Македонија преку развивање на проекти со значаен импакт во споменатите територијално-просторни целини и за надминување на дисбалансите што постојат во државата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова денеска го истакна државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гугоска, која заедно со раководителот на Секторот за правни и општи работи во министерството, Сузана Најкова престојуваше во работна посета на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Државниот секретар информираше за престојните активности што се прават во Министерството за локална самоуправа, за заживување на регионалените центри за соработка со бизнис заедницата, кои преку поддршка на УНДП и Владата треба да овозможат отварање на нови бизниси преку поддршка на домашните и странски инвеститори.

Раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска ја информираше Цветановска-Гугоска за тековните проекти што се имплементираат од страна на ова регионално тело, како и за потешкотите со кои се соочува, а за кои, со цел да се надминат, е потребна поддршка од Министерството за локална самоуправа.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Со цел да се надминат проблемите во функционирањето на Центрите за развој во тек на подготовка е документ во кои се предложени неколку модели на финансирање, преку кои треба да обезбеди нивна одржливост во понатамошниот период. Се надеваме дека Владата ќе прифати соодветен модел и преку измени на Законот за рамномерен регионален развој ќе овозможи нормално функционирање на центрите за развој со оглед на постојните проблеми со кои тие со соочуват за нивно тековно работење, вели претседателот на Југозападниот плански регион, Стојан Савески.

vlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео