Претставници на ЛП на средба со бизнисмени од Велес

Од:

Претседателот на Либералната партија Ивон Величковски и носителот на кандидатската листа за пратеници во Третата изборна единица Данчо Марковски вчера беа на средба со бизнисмени од Велес.

На средбата, Величковски рече дека државниот Буџет треба да се намали на 2,9 милијарди евра и оти 500 милиони евра треба да завршат кај граѓаните и бизнис заедницата.

– Остануваме на тоа дека рамниот данок е решение и не е во Македонија проблем типот на оданочувањето, туку прашањето е како се трошат јавните пари. За нас, основата е одговорно буџетирање, разумно планирање, одржлива држава Република Македонија, рече Величковски.

Тој додаде дека на овие избори не треба да се зборува за, како што рече, лажни прашања за Рамковниот договор и Уставот и оти со изборите треба да се консолидираат институциите. – Овој пат во Македонија, при гласањето, сметајте дека секој глас даден за пржинската четворка е глас за продолжување на ова што значи системска криза во Република Македонија, рече Величковски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Величковски посочи дека нивната цел е да се зголеми вработеноста во првите две години, а се предвидуваат и мерки со кои ќе се намали трговскиот дефицит за увоз на храна.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска