Претставници на ДИК и НДИ во посета на Дебар, Охрид и Ново Село

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) во соработка со Националниот демократски институт (НДИ) денеска ќе ги посети општинските изборни комисии во Дебар, Охрид и Ново Село каде ќе оствари средби со кандидатите за градоначалници на овие општини или со нивните овластени претставници.

Според најавите, претпладне претседателот на ДИК Оливер Дерковски заедно со потпретседателката Дитмире Шеху и членот на ДИК Енвер Салихи, како и со директорот на НДИ Крис Хеншоу ќе ја посетат општинската изборна комисија во Дебар каде ќе се сретнат со овластените претставници на кандидатите за градоначалник, а попладне ќе ја посетат општинската изборна комисија во Охрид каде ќе се сретнат со кандидатите за градоначалник.

Членовите на ДИК Елизабета Постоловска и Јанаќе Витановски и генералниот секретар на ДИК Добре Јанчев, заедно со претставник од НДИ денеска претпладне ќе ја посетат ОИК Ново Село и ќе остварат средба со кандидатите за градоначалник.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште