Претставени новите мерки за лицата со инвалидност

Од:

Преку повеќе мерки за кои Владата усвои низа законски измени ќе продолжат да се подобруваат условите за лицата со инвалидност, најавија министрите за труд и социјална политика и за транспорт и врски Диме Спасов и Миле Јанакиески на денешната средба со претставници на Националните сојузи на слепи и на телесни инвалиди и од здружението „Полиоплус“.

Со цел создавање поинклузивно општество, како што нагласи министерот Спасов, Владата постојано презема мерки со кои се олеснува и подобрува животот на лицата со инвалидност и попреченост.

– Поради тоа на последната седница на Владата на Р.Македонија беа усвоени низа законски измени со кои значително ќе се подобри животот на лицата со инвалидност, односно пристапот до сите објекти од јавна намена, до сите деловни објекти и до сите станбени згради што во иднина ќе се градат, рече Спасов.

Предвидено е, додаде, сите објекти да имаат пристапни рампи за инвалиди, лифтовите да бидат прилагодени за пристап на телесни инвалиди и за слепи лица. Се планираат и тактилни патеки за слепите лица, при градење нови или реконструкција на постоечките пешачки патеки во градските паркови, рече Спасов, додавајќи дека се работи за посебни перфорирани патеки коишто ќе го олеснат движењето на лицата со инвалидност, како и орентацијата во просторот. Ќе се воведе и задолжителна звучна сигнализација на семафорите.

Министерот Јанакиески најави дека дел од подзаконските акти ќе се допрецизираат во понеделник. – Ќе се опише што се треба да содржат на пример становите. Ние во Законот за градба направивме измена кадешто секој десетти стан мора да биде така изграден и адптиран со пристап за инвалидите лица. Тоа треба точно да се опише во подзаконските акти, точно да се опише како ќе изгледаат лифтовите со брајова азбука, со звучна сигнализација, значи за сите оние мерки кои ги донесовме како Влада дијалогот ќе продолжи за да ги изготвиме сите акти и очекувам дека по влегување во сила на Законот за градење пред се, веднаш да бидат донесени и подзаконските акти за да можат сите овие мерки да бидат во функција, со цел да се олесни животот на оваа група на граѓани“, рече Јанакиески.

Според него, реконструкцијата на железничката станица во Скопје, која ќе биде направена по највисоки стандарди, ќе биде одличен пример како треба да изгледаат јавните објекти во иднина.

Би можело да ве интересира

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски