Претставени кумот и здравичарот за Бадник 2015 година

Од:

Кум на 23-тата прослава на Бадник ќе биде Сашо Џиковски, а здравичар Благоја Анчевски, соопшти денеска на прес-конференција Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“.

Од здружението информираат дека направени се сите подготовки за успешно одвивање на манифестацијата која, како што велат наиде на општо одобрување и поддршка кај скопјани.

Кумот Сашо Џиковски  е познат бизнисмен и хотелиер, градежник и сопственик на фирма за производство на метална галантерија, а во последниве 15 години го води хотелот „Арка“ во Стара чаршија, заедно со сопругата Костадинка.

– Скопје е град кој непрекинато се трансформира, со еден шарм кој секогаш во новите трансформации успева да задржи дел од традицијата. Модернизацијата не секогаш успева да избрише од тој шармо на Скопје. Тоа се однесува и за живеењето во Скопје, како и на живеењето на скопјани со традициите кои ги пренесуваат, истакна Џиковски.

За здравичарот Благоја Анчевски велат дека со труд си ја заслужил титулата за претстојниот бадникарски празник. Тој со бадникарите е од 1993 година, и активно работи и учествува во сите повеќемесечни активности на Одборот.

– Да бидеш на функцијата здравичар е многу голема одговорност. Уште поголема е одговорноста кога ќе се сетам на претходните здравичари што биле како што се Гане Тодоровски, Чашуле, Ивко Пангоски, Гешова… Членувам во бадникарскиот одбор 21 година и ми претставува голема чест, рече Анчевски.

Бадникарите ги поздрави градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски на кој им порача дека градоначалниците доаѓаат и си одат, а традицијата ќе остане и општината секогаш ќе биде домаќин на претставувањето на новиот кум и здравичар.

Одборот традиционално како и секоја година во последната недела во декември односно оваа на 28-ми во месноста Говрлева краста, од падините на Водно ќе бере бадникови гранчиња кои на 6 јануари бесплатно ќе ги дели пред Соборниот храм „Свети климент Охридски“.

Би можело да ве интересира

Централно одбележување на Бадник пред Соборниот храм, Јанковски и Тановски годинашни кум и здравичар

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик

Традиционално сечење бадникови гранчиња, на Бадник ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм

ВМРО-Народна ги повика скопјани да го бојкотираат палењето на бадникарски огнови

Православните христијани го слават Бадник

Катерина Ѓуровски

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

Ана Ололовска